fbpx

Објектив

Погледни подобро

Macaкap вo Кина: Нajмaлкy пeтминa yбиeни и 15 paнeти вo нaпaд co нoж..

Најмалку пет лица се убиени а уште 15 други се ранети во неселективен напад со нож во источната кинеска покраина Анхуи во саботата попладнето.

Нападот врз случајни минувачи се случил во трговска улица во градот Анкинг, околу четири и пол часот попладнето по кинеско време, се наведува во соопштението на тамошното биро за јавна безбедност.

Полицијата го уапсила напаѓачот на самото место и известуваат дека започнала истрага за смртоносниот напад. Засега не се познати за нападот.

На кинеските социјални мрежи беше споделен видео материјал снимен од очевидци, на кој се гледа како медицински лица му укажуваат помош на маж кој лежи на земјата.

Центарот за дарување крв во Анкигн по инцидентот апелираше на итно донирање крв преку платформата Weibo поради „малите резерви“.

Кинеските закони се многу строги во однос на продажбата и поседувањето огнено оружје, а масовните напади главно се изведуваат со ножеви или импровизирани експлозивни напади.

Извршителите на сличните напади со нож во минатото се припишувани на ментални пациенти или на лица гневни кон заедницата.

Ланскиот декември во напад со нож пред сауна и јавна бања во североистична Кина беа усмртени најмалку седум и ранети уште седум други луѓе. Чувар во училиште во јуни минатата година со нож рани најмалку 39 деца и возрасни во детска градинка во јужната покраина Гуангкси, според медиумите напаѓачот е осуден на смрт.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: