fbpx

Објектив

Погледни подобро

Д-р Пановски пpeдyпpeдyвa: Индискиот coj ќe yдpи нaeceн, мopa дa ce вakциниpaтe

Микробиологот д-р Никола Пановски вели дека се надева оти стабизилизацијата на епидемиолошката состојба не е затишје пред бура.

„Најважно е да не се полнат болниците, а ако почнат да се појавуваат случаи на овој сој на разни места низ земјава треба веднаш да се преземат мерки, прво локални, а потоа глобални“, вели микробиологот д-р Никола Пановски за „Фактор“.

Тој предупредува дека во следните месеци мора да имаме масовна вакцинација за наесен да не се доведеме повторно во ситуација која би го блокирала здравствениот систем.

„Од вакцините ќе имаме многу поголема придобивка отколку без нив, а многу важен факт е тоа што голем број од македонското население го прележа вирусот, па тоа значи дека и индискиот сој кај нас нема да се шири многу брзо. Секако, тој ќе се шири, но нема да има случаи со тешки симптоми и тешка форма на болеста. Најважно е сега да се вакцинираме во што поголем број. Без 15.000 нововакцинрани дневно ништо не правиме“, вели Пановски.

Според него, засилување на индискиот сој се очекува да се случи наесен кога луѓето ќе почнат да се прибираат внатре.

„Таков е вирусот, респираторен, активен во постудените месеци кога се собираат луѓето внатре и кога почнуваат со работа училиштата. Можно е да се засили, но да се надеваме дека состојбата нема да биде како што беше пролетта“, објаснува Пановски.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: