fbpx

Објектив

Погледни подобро

(Видео) Hoвo кoшapкapcко чyдo oд Кина: Имa caмo 14 гoдини a вeќe e виcoкa 2,13 метри

Ученичката Жанг Жиу има само 14 години, но многумина веќе ја гледаат како нова кошаркарска ѕвезда од Кина.

Жиу е висока 2,13 метри, а кошаркарските стручњаци сметаат дека таа ќе биде новата ѕвезда на Кина. Секако тоа е нешто очекувано ако се земе во предвид дека 14 годишната Жанг сигурно уште ќе расте, а веќе е во трениг неколку години.

Младата Жиу стана актуелна откако неделава на совјот тим му помогна да стигне до титулата со 42 постигнати коша, 25 скока и 6 блокади.

По одличните игри на училишните натпревари медиумите Жанг Жиу веќе започнаа да ја споредуваат со легендарниот кошаркар од Кина, славниот НБА центар на Хјустон, Јао Минг.

„Глобал Тајмс“ пренесува дека Жанг во прво одделение била повисока од 1,5 метри, а во шесто веќе имала два метри.

Таа инаку потекнува од кошаркарско семејство, и нејзината мајка била член на кошаркарската репрезентација на Кина.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: