fbpx

Објектив

Погледни подобро

(Фото) Германците пристигнаа во Скопје, се сместија во хотел Хилтон

Четирикратниот светски и трикратниот европски првак Германија пристигна во Скопје. Досега репрезентација со поголемо педигре нема гостувано во Македонија.

Селекцијата на Ханси Флик се смести во хотелот „Хилтон“ во населбата Аеродром, каде досега интересно беа сместени македонските репрезентативци. Но, Германците го резервирале хотелот за ова гостување уште пред почетокот на Европското првенство.

Нојер, Милер, Кимих, Сане, Ројс, Гнабри, Горецка, Вернер…се само дел од ѕвездите со кои располага селекторот Ханси Флик, кој најавува дека „маншафт“ ќе атакува на триумф на утрешниот меч против Македонија на арената „Тодор Проески.

фото: makfudbal.mk

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: