fbpx

Објектив

Погледни подобро

Шпaнcкa cepиja: Карлеуша ce вpaќa вo жиpитo нa Гpaнд?

Новата сезона на музичкиот натпревар „Гранд-ѕвезди“ почна добро, луѓето го следат, коментираат, а челниците задовлно ги тријат рацете поради високиот рејтинг.

Иако доста се полемизираше дали Цеца Ражнатовиќ, која седна на столчето на Јелена Карлеуша, ќе привлече исто внимание како нејзината претходничка, се’ излезе најдобро возможно.

Меѓутоа, како што неофицијално дознава магазинот „Свет“, контроверзната дива би можела наскоро да се врати, што би ја дигнало гледаноста до небото, земајќи предвид дека таа и Цеца не се поднесуваат.

– Во почеток на сезоната,многумина се сомневаа дека натпреваротќе биде интересен без Карлеуша. Цеца е голема ѕвезда, тоа никој не може да го оспори, но најголемо внимание привлекуваа токму коментарите на Јелена, нејзините караници со кандидатите и со членовите на жирито. Пристапот на Цеца е поинаков, таа не е конфликтна, но се воспостави дека многу добро умее да врати. Нејзините препирки со Босанац и со Мили се вистински хит, а ако се оствари она што се шушка, гледаноста на ‘Ѕвездите на Гранд’ ќе се вивне до небото! Имено, од вториот или третиот круг, во натпреварот се враќаати кандидатите од претходните сезони, а абидејќи на некои од нив ментор им беше Јелена, се зборува дека Цеца и јеца заедно ќе седат во студиото и ќе оценуваат, но постои можност Карлеуша активно да учествува со своите каднидати. Јелена секако нема време да му се посвети на ‘Гранд’ како претходно, бидејќи на големо работи на новиот албум, но има свој проверен тим на кој може секогаш да се потпре“, открива доброинформиран извор, кој додава дека овој план воопшто нема да ѝ се допадне на Цеца, која веќе има конфликти со Мили и со Босана.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: