fbpx

Објектив

Погледни подобро

Горивата повторно поскапуваат, ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23 % .

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 2,197 %, кај дизелот за 2,842 %, кај екстра лесното масло за 2,853 % и кај мазутот за 0,554 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,164 % .

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,249 денар/килограм и сега ќе изнесува 43,010 ден/кг.

Од 19.10.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 78,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,010 (денари/килограм)

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: