fbpx

Објектив

Погледни подобро

Денес облачно време со локални врнежи од дожд – од утре натпросечни дневни температури

Времето денеска ќе биде значително облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната од 6 до 12 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде претежно облачно, претпладне магливо, а преку денот со повремен дожд. Кон крајот на денот ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 8 степени.

Од утре следуваат денови на стабилно време со натпросечни дневни температури. Особено топло ќе биде за време на викендот.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: