fbpx

Објектив

Погледни подобро

Јапонката Кане Танака го прослави својот 119-ти роденден

Jапонката Кане Танака, која официјално е највозрасната личност на светот, го прослави својот 119. роденден. Притоа таа порача дека е решена да го продолжи рекордот за уште една година.

Танака, која ужива во газирани пијалоци и чоколадо, својот голем ден го одбележала со вработените во домот за стари лица каде што живее, во префектурата Фукуока во југозападна Јапонија.

Според Гинисовата книга на рекорди, статусот на Јапонката како највозрасна жена на светот ѝ е признат во март 2019 година, кога наполни 116 години, па оттогаш само продолжува да го надградува својот рекорд.

Танака е родена на 2 јануари 1903 година шест месеци пред Џорџ Орвел, на пример. Таа го доживеа владеењето на дури пет јапонски цареви, а се надева и дека ќе го прослави својот 120-ти роденден, објави новинската агенција Кјодо.

Танака е една од сѐ поголемиот број јапонски стогодишници. Јапонското Министерство за здравство, во проценка издадена во септември, во пресрет на годишниот Ден на почит кон старите лица, објави дека рекордни 86.510 лица во земјата имаат 100 или повеќе години, што е зголемување за 6.060 во споредба со претходната година.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: