fbpx

Објектив

Погледни подобро

Доби дозвола за мeдицинcкo иззeмaњe од вaкцинациja – Ѓоковиќ ќе игра на Австаралијан опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра на Австралијан опен откако потврди дека добил дозвола од организаторите да настапи со медицинско изземање. Најдобриот светски тенисер одбиваше да каже дали е вакциниран, што е услов за настап на првиот гренд слем во сезоната и сега на Инстаграм кажа дека добил потврда за медицинско изземање.

Директорот на тенискиот турнир во Мелбурн Крег Тили претходно кажа дека тенисерите мора да бидат целосно вакцинирани или да имаат медицинско изземање.

Среќна нова година на сите. Ви посакувам здравје, љубов и среќа во секој момент и да чувствувате љубов и почит за сите битија на оваа прекрасна планета. Поминав фантастично време со моите сакани за време на паузата и денеска патувам за Австралија со дозвола за медицинско изземање, напиша Ѓоковиќ на Инстаграм.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: