fbpx

Објектив

Погледни подобро

Вaкцината пpoтив Koвид-19 во Македонија нeмa да биде задолжителна – Здравство открива за што утринава се разговара на владината седница

Во Македонија вакцината против Ковид-19 нема да биде задолжителна откриваат од министерството за здравство за Инфомакс.

На 132 седница закажана за денеска, која најверојатно ќе биде и последна за овој состав на министри, Владата ќе расправа за предлог-програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Македонија за 2022 година.

„На предлог на Министерството за здравство на седницата е најавена и Предлог-програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Македонија за 2022 година“, се вели во дописот испратен од прес-центарот на Владата на Република Македонија.

На прашањето на Инфомакс дали вакцината против Ковид 19 ќе биде задолжителна, од министерството за здравство велат дека таа е право на избор на секој граѓанин.

-Станува збор за програмата за редовна имунизација. Вакцината за Ковид-19 е право на избор на секој граѓанин и не е во редовниот имунолошки календар, велат од министерството.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: