fbpx

Објектив

Погледни подобро

Рекордни температури во Австралија: Измерени 50,7 степени на западниот брег

Во Австралија е поставен температурен рекорд откако се измерени 50,7 степени Целзиусови во градот Онслоу, на западниот брег, јавува Би-би-си.

Така всушност е израмнет рекордот од 1962 година, кога на југот на Австралија биле измерени 50,7 степени. Локалното биро за метеорологија потврди дека Онслоу го израмнил рекордот во 14:26 часот по локално време. Според локалните медиуми, просечната температура во тој град во овој период од годината е 36,5 степени. Два други града, Марди и Роборн, исто така пријавија температури од над 50 степени вчера, изјави Лук Хантингтон од Институтот. Тој рече дека акумулацијата на топол воздух во регионот е предизвикана од недостатокот на грмотевици, пренесува Танјуг.

Жител на Роборн, Марк Барат, за ABC изјави дека температурите станале толку високи што климата во нивната канцеларија престанала да работи. Температурите утре дополнително ќе растат, а во наредните денови се очекува „заладување“, велат метеоролозите.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: