По вчерашната средба со Тачи, Заев денес се сретнал со Ахмети, Села и Гаши
По вчерашата куса средба со лидерот на ДПА Мендух Тачи, Зоран Заев се сретнал и со претседателите на ДУИ, Али Ахмети, на Алијанса за Албанците Зијадин Села и на Алтернатива Африм Гаши.
Средбите се одвивале далеку од очите на јавноста, а ТВ21 дознава дека средбата со Зијадин Села била во Собранието на РСМ. Засега од СДСМ не откриваат детали, само за ТВ21 потврдија дека Заев се сретнал со претседателите на ДУИ, Алијанса и Алтернатива.
Детали од овие средби сеуште нема.