550 студенти на УКИМ поднеле приговори за владина картичка со вредност од 3000 денари
Речиси 550 приговори поднесени од студентите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј за владината помош од 3000 денари. Првично беа поднесени околу 50 илјади приговори намногу од млади лица од 16 до 29 години. Дел од нив извисија за домашна платежна картичка.
Но благодарение на Универзитетското студентско собрание на УКИМ се обезбеди повторно поднесување приговори. Меѓу жалбите има и такви кои ги добија картичките ама не можат да ги искористат од различни причини.
Се работи за група од 500-550 студенти на УКИМ кои иако ги исполнуваат критериумите не добиле платежни картички. Ние ги прибравме овие податоци и вчера ги исконтактиравме повторно институциите. Сеуште чекаме одговор. Се надаваме дека институциите нема да излезат во пресрет бидејќи ова е право кое го имаат студентите, ќе ја завршат својата работа и ќе го сторат достапно правото односно домашните платежни картички на студентите – вели за Алфа вели за Алфа, Борјан Ефтимов од ФСС.