fbpx

Објектив

Погледни подобро

Македонскиот фудбалски бисер заработи нов договор со Наполи

Елиф Елмас брзо ги собра симпатиите во Италија после само една сезона и многу брзо се очекува да го продолжи договорот до 2025 година.

Продолжувањето на договорот на Елмас беше најавено од клубот и од неговиот менаџер. Италијанскиот новинар на „РАИ“ Чиро Венерато објави и за колку ќе биде зголемена платата на Елмас.

Во Наполи Елмас пристигна минатото лето за сума од 16 милиони евра и потпиша петгодишен договор со плата од 1.5 милон евра по сезона. Со новиот потпис Елмас ќе добие 300.000 евра повеќе, односно 1.8 милиони евра. Не е познато дали би се зголемила откупната клазула со новата соработка.

Оваа сезона Елмас го освои Купот на Италија со Наполи, а успеа да постигне гол и да запише една асистенција во 30-те натпревари за калчолигашот.

Пред Наполи и Елмас сега е нов предизвик, тоа е Барселона во Лигата на шампионите. Првиот натпревар помеѓу овие два клуба заврши 1:1. Медиумите во Италија најавуваат дека поради повредата на Инсиње се очекува Елмас да се најде од првата минута на теренот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107