Украинска манекенка брутално претепана на плажа во Турција
Украинската манекенка Дарија Кирилиук (24) тврди дека била претепана од чуварите на плажата Момо во турското одморалиште Чешме. Како доказ, таа објавила фотографија од себе, покриена со крв и расечена аркада.
“Не сакам да молчам. Сакам да кажам што се случи со мене, моето момче и нашите пријатели. Бевме нападнати од чуварите на плажа. Четири девојки, меѓу кои и мене, не удираа по лице а и момчињата во групата беа сериозно повредени. Ние се и рековме на полицијата”, напишала таа на Инстаграм.
Од друга страна, раководството на плажата соопштило дека групата во која била манекенката се степала меѓу себе а безбедносните чувари само ги разделиле, пренесува Спутник Ерменија.
„Фактот дека тие не сакаат да ги објават снимките од плажата докажува дека тие кријат нешто“, тврди таа.
Нејзиниот пост го лајкнале 117. илјади луѓе, што е интересно со оглед на тоа дека има вкупно 120. илјади следбеници.