Чистка во Манчестер Сити: Гвардиола им рекол на Стоунс и Отаменди да си бараат нов клуб
Гвардиола за идната сезона сака да донесе уште пет засилувања, а едно од нив би требало да биде дефанизвецот на Наполи, Калиду Кулибали. Манчестер Сити наводно во моментов води преговори околу обештетувањето со Наполи, а се претпоставува дека целата работа ќе заврши многу брзо.
Наводно Манчестер Сити ќе плати 80 милиони евра за овој фусбалер, бидејќи Гвардиола смета дека е совршен за неговата екипа.
Освен ова, на Отаменди и Стоунс им е соопштено дека тренерот нема да смета повеќе на нивните услуги, па можат да побараат нови клубови.