Америка и Германија реагираа на законот за ОВК кој Косово планира да го усвои
Откако амбасадорот на САД во Приштина Филип Коснет изнесе сериозни критики на сметка на законот кој Приштина планира да го усвои, а кој ја велича „ослободителната борба“ на терористичката ОВК, тоа го направија и други дипломатски претставници.
Тој закон, доколку биде усвоен, практично воведува вербален деликт меѓу граѓаните на Косово, денеска е на дневен ред на косовското собрание.
– Во демократското општество не би било добро да ги гуши расправите ограничувајќи ги со кривичен закон, наведе германскиот амбасадор Јорн Роде.
Швајцарската амбасада во соопштението изрази загриженост дека законот би можел да ја поткопа слободата на изразување, и ги повика косовските лидери да пронајдат други начини за да покажат почитување кон ОВК.