Кошаркар на Црвена Ѕвезда починал на тренинг од срцев удар утрово
Нигерискиот центар Мајкл Оџо кој свевремено настапуваше за Црвена Ѕвезда и ФМП Белград почина утрово, откако доживеал срцев удар за време на тренинг со српскиот кошаркарски тим.
Според извори на „Еврохопс“, 27-годишниот кошаркар имал индивидуална тренинг сесија, но во еден момент паднал додека трчал. Поранешниот играч на „црвено-белите“ бил веднаш однесен во болница, но не покажувал знаци на живот и лекарите не биле во можност да му помогнат.
Оџо, кој играше во Србија од 2017 година, претходно овој месец бил заразен од корона вирусот, но подоцна имал негативен тест.
Оџо, кој исто така имаше американско државјанство, беше студент на државниот универзитет во Флорида од 2012 до 2017 година каде и настапуваше, а професионалната кариера ја започна во ФМП (Белград).
Оџо играше за американскиот универзитет Флорида стејт, пред во 2017 да има неуспешен обид да влезе на НБА драфтот. Во 2017 тој почна да игра за српскиот ФМП, а потоа во 2018 година потпиша за Звезда, за која во две сезони одигра 108 меча, со просек од 4.9 поени и 3 скока во сезоната 2018/19 и ја освои Јадранската лига и титулата во српскиот шампионат за сезоната 18/19.