fbpx

Објектив

Погледни подобро

Близ Матуиди го напушта Јувентус, познат и новиот клуб

Во Јувентус се очекуваа промени по елиминацијата од Лион во осминафиналето и тие веќе се случуваат.

Прво веќе следниот ден отказ доби Маурицио Сари, а на негово место на тренерското столче на „старата дама“ седна Андреа Пирло. Сега следат промени во играчкиот кадар.

Еден од играчите кои во текот на сезоната добиваа големи критики заминува од клубот. Блез Матуиди ќе го напушти Јувентус и ќе се пресели во тимот на Бекам, Интер Мајами.

Јувентус овој трансфер официјално не го потврдил, но веста е објавена од сите најпознати италијански новинари меѓу кои е Ромео Агрести кој е близок со клубот. Поради тоа работата може да се смета за завршена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: