(Видео)Интер се пласираше во полуфиналето на Лига Европа со победата над Леверкузен, Манчестер се изнамачи со Копенхаген
Првиот полуфиналист во Лигата на Европа е Интер, кој на неутрален терен во Германија го совлада Баер Леверкузен со 2:1. Италијанскиот тим ќе игра против Шахтјор или Базел во борбата за финалето, а името на ривалот ќе го дознаат во утревечер.
Барела го отвори резултатот во 15. минута, а Лукаку резлизираше за 2:0 во 21-та. Ѕвездата на „аспирините“, Каи Хаверц врати еден гол четири минути подоцна, но до крајот немаше други голови.
Финалето на второто најсилно европско натпреварување се игра во Германија, а финалето е закажано за 21 август на стадионот во Келн.
Во вториот дуел, Манчестер Јунајтед на „Реин Енерџи“ стадионот во Келн играше продолженија со Копенхаген, откако регуларниот дел заврши без голови.
„Црвените ѓаволи“ или Данците во полуфиналето го чекаат победникот од мечот Волверхемптон – Севиља.