fbpx

Објектив

Погледни подобро

Велосипедист настрада во населба Аеродром

Велосипедист е повреден на пешачки премин откако на него налетал автомобил кој во моментот излегувал од бензинска станица. Несреќата се случила доцна попладнево на бензинската станица на булевар Србија во скопската населба Ново Лисиче.

Како што раскажуваат очевидци за Сител, до несреќата дошло поради невнимание и на возачот на автомобилот но и на велосипедистот.  Според нив, во моментот на несреќата велосипедистот управувал со велосипедот и истовремено гледал во својот телефон. Возачот на автомобилот пак кој сакал да се приклучи на булеварот Србија внимавал на возилата и не го забележал велосипедистот кој му доаѓал од спротивната страна.

На местото веднаш пристигна возило на Брза Помош. Велосипедистот кој се жалел на болки во градите веднаш бил префрлен во болница но нема информации за тоа каква е неговата состојба.

Од МВР се уште нема информации за оваа сообраќајна несреќа. Нив ги најавуваат по увидот кој полициските службеници го спроведуваат во моментов.

Извор: Сител

Leave a Reply

Your email address will not be published.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: