fbpx

Објектив

Погледни подобро

Граѓаните не можат да си подигнат пензии, плати, социјална помош затоа што сметките им се блокирани

Имаат пари на сметка, не можат да си подигнат. Затворањето на Еуростандард банка остави без пари над 100.000 граѓани кои примале плата, пензија, социјална помош, потврдија за Телма од Банката. Револтирани дел од нив денеска бараа решение пред вратите на Еуростандард , кои уште вчера беа пломбирани од Народната банка. Граѓаните лути, велат немаат резервни приходи за да го преживеат месецов.

Од Фондот за осигурување на депозити велат дека граѓаните би требало своите месечни заработки но и штедните влогови ги добијат за максимум 20 дена. Во меѓувреме Народната банка ги извести  да отворат транскациски во други банки и да ги известат ПИОМ, социјалното и работодавецот дека приходот  треба да го префрлат кај друга банка. Но граѓаните треба да добијат исписница од Еуростандард, за да одат во друга банка. Директорот на Фондот Хаџиев, вели нема простор за паника, се ќе се среди во законските рокови.

ВО МОМЕНТОВ Е ЗАПОЧНАТА ПРОЦЕДУРА ЗА ИЗБОР НА БАНКА, СЕ ЧЕКА НАЗНАЧУВАЊЕ НА СТЕЧАЈНИОТ УПРАВНИК. СТЕЧАЈНИТ УПРАВНИК ТРЕБА ДА НАПРАВИ ФИНАЛЕН ЗАПИСНИК И СПИСОК НА ВКУПНИ ДЕПОЗИТИ И ДА ДОГОВОРИМЕ НА КОЈ НАЧИН ЌЕ ГИ ПОДИГНУВААТ ПОТВРДИТЕ ЗА СОПСТВЕНОСТ НА ДЕПОЗИТИ, ВЕЛИ ХАЏИЕВ

На над 136.000 граѓани кои треба да им бидат исплатени околу 72 милиони евра.Тоа се тие кои имале штеден влог до 30.000 евра кој влегува во обештетувањето, како и другите лица кои имале пари на сметка во банката. Останатите 780 депоненти кои имале депозит над 30.000 евра останатиот износ ќе треба да го побаруваат од стечајната маса. Исто како и тие кои имале пари во сеф во банката.

ВМРО-ДПМНЕ пак ја повикаа мнистерката за финансии Ангеловска да каже кога повлекла 250.000 евра од Еуростандард банка., по што Ангеловска демантираше дека парите ги повлекла по добиена информација дека банката ќе ја изгуби лиценцата за работа. Рече промените се направени пред подолг период и потенцираше  дека НБРМ е независна институција и нема никаква врска со Владата.

Целата сторија прочитајте ја на Телма.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: