Карпошани се жалат од негрижата на општината, запуштен паркот во Козле, уништените реквизити се опасни за децата
Жители на општина Карпош, поточно населбата Козле се жалат од негрижата на локалната власт и запуштеноста на плоштадот и оштетените детски реквизити кои претставуват опасност.
Во продолжение ви го пренесуваме текстот во целост
Почитувани,
Ви се обраќам, верувам во име на многу жители со мали деца од населба Козле, во врска со игралиштето спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“, на улица „Теодосиј Гологанов“.
Игралиштето, кое е релативно ново, е речиси уништено повеќе од 2 години. Бродот, којшто треба да биде максимално безбеден бидејќи е висок, е испокршен, со издадени штици и шајки, без ограда од едната страна и со милион маани кои ја загрозуваат безбедноста на нашите деца. Не знам дали има една работа која е сочувана и безбедна на тоа игралиште. Да додадам, подеднаква катастрофа од изведба се и лулашките, кои наместо подлога да им биде самиот песок, подлога е бетонска плоча со издадени рабови. Не сакам да правам црни сценарија, ама морам. Што ќе се случи доколку дете падне од бродот?! Може многу лесно да се случи. Јас сум таму нестабилна, не па мало дете. Што доколку падне од лулашките директно на бетон или трчајќи во песокот да падне директно на еден од бетонските рабови?! Кој ќе одговара? И, дали сериозно црн настан ќе биде поводот да се освестите и да преземете нешто?! Којзнае колкумина ви пишувале вака…
Не доведовте нас, жителите на тој дел од Козле, да палиме коли и да одиме на други игралишта, затоа што маалското што го имаме е повеќе од катастрофално. Не бараме многу. Доколку не сте способни да одржувате, репарирате и да се грижите воопшто, а не сте, ве молиме само урнете се што има таму и оставете само песок за да си играат децата во него. Доволно ќе биде.
Се надевам дека меѓу вас кои го читате ова, има барем еден совесен и професионален човек кој ќе преземе нешто. Ќе бидеме многу благодарни доколку постои таков.Со почит,
Жител на Козле