fbpx

Објектив

Погледни подобро

Адекватноста на капиталот на банките стабилен, Капитал Банка со највисок процент

Стапката на адекватноста на капиталот како едно од клучните мерила за тоа колку финансиски стабилна е една банка покажува дека е највисока кај Капитал банка во Македонија, додека стапката кај Еуростандард банја, на која неодамна и беше одземена лиценцата за работа, има помала од минимум пропишаната.

Според „Законот за банки“ секоја банка е должна да одржува стапка на адекватноста на капиталот која не може да биде пониска од 8%. Согласно овој закон, секоја банка е должна да одржува стапка на адекватноста на капиталот која не може да биде пониска од 8 отсто. Вишок над законскиот минимум е исклучително значаен за заштита на системот од шокови, каков што е пандемијата на ковид-19.

Според последните биланси на сите деловни банки во Македонија, Капитал банка има адекватност на капиталот од 23,17 отсто, по што следуваат Стопанска банка Битола со адекватност од 18,9 отсто, Комерцијална банка од 17,62 проценти и Халкбанк е со стапка на адекватност од 17,45 отсто.

На петтото место е ТТК Банка, која исто така има одлична стапка на капиталот, од 16,93 отсто, согласно со финансискиот извештај со крајот на минатата година, па Силк Роуд Банка, со 16,83 отсто, согласно со извештај од крајот на минатата година,  НЛБ Банка со 16,7 отсто, според финансиски извештај од 31.12.2018 година.

Шпаркасе Банка Македонија има стапка на адекватност од 16,5 отсто, според финансиски извештај од крајот на минатата година, пред Стопанска банка Скопје, со 16,3 проценти, а до крај следуваат Охридска банка (16,12 отсто), Централна кооперативна банка (16,03), УНИБанка (14,46), ПроКредит Банка (13,74) и Еуростандард банка (5,55 отсто).

Извор: Фактор.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: