Временска прогноза: Нестабилно со врнежи од дожд и грмежи во наредните два дена
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура до 34 степени. Таква е прогнозата на УХМР за денеска.
И утре ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Од четврток следува период на стабилно, сончево и потопло време. За викендот максималните температури треба да достигнат до 36 степени.