fbpx

Објектив

Погледни подобро

Еве што изјави Дарко Спејко : МАНЕКЕНКИ МИ СЕ СЛАБОСТ – ШТО ДА ПРАВАМ

Кумановецот Дарко Спејко е единствениот Македонец кој победи во реалити шоу „Велики брат“. Иако претходната година влезе во „Задруга“ овој пат кумановецот немаше многу среќа и по еден месец излезе од реалното шоу.

Тој е единствен машки инфлуенсер од Македонија кој е признат од страна на „Инстаграм“, а како што вели за вечер.мк, тој е инфлуенсер без разлика дали имал социјални мрежи или не.

„Што се однесува до инфлуенсот, јас сум инфлуенсер, имал или немал „Инстаграм“ и „Фејсбук“. Ме ангажираат затоа што сум Дарко Спејко, а не затоа што имам огромен број следбеници на социјалните мрежи. Грешка е тоа што се поврзуваат профили на социјалните мрежи со тоа дека е некој инфлуенсер.

Моите следбеници не се купени и моите профили се верификувани од страна на „Инстаграм“ и „Фејсбук“, моето влијание е потврдено со тоа што сум јас самиот. И останувам еден и единствен верификуван на двете најпопуларни социјални мрежи „Инстаграм“ и „Фејсбук“ во Македонија, па и на Балканот, некои брендови го ценат тоа, па плаќаат двократно или трикратно за реклама, вели Спејко за вечер.мк.

На прашањето дали би запливал во дизајнерските води, победникот на „Велики брат“ вели:

„Мојот стаjлинг е резултат на тимот кој стои зад мене. Тие секогаш се трудат стајлингот да го усогласат со мојот карактер и став, пораката што сакам да ја пренесам и настанот за кој се подготвувам. Студиото што е во чекор со светските трендови се грижи за мојата фризура.

А дали би запловил во дизајнерски води „Никогаш не вели никогаш“, во моментов сум сконцентриран на други големи цели, па не сакам ништо друго да ми одзема внимание додека не ги остварам. Слаб сум на манекенки, влегувањето во дизајнерски води може скапо да ме чини“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: