fbpx

Објектив

Погледни подобро

Претседателот на Бугарија, Радев побара итна оставка од Бојко Борисов

Бугарскиот претседател, Румен Радев, побара од премиерот Бојко Борисов веднаш да поднесе безусловна оставка.

„Предлозите на премиерот не треба воопшто да се коментираат. Ги повикувам сите оние што се грижат за иднината на Бугарија да не паднат во стапицата на Борисов“, порача Радев во Варна, пренесе БГНЕС.

Рече дека Борисов ја уништил Бугарија во последните 10 години и сака да продолжи да го прави тоа. Според Радев, Борисов сака да ја земе целата земја како заложник за негово сопствено опстојување на функцијата.

Шефот на бугарската држава рече дека ваквата тешка криза на доверба не може да се лекува со Големото национално собрание. Излез не е Големото национално собрание, туку оставка, категоричен е Радев. Тој истакна дека парламентот ја исцрпел легитимноста и довербата.

„Тоа треба да биде на дневен ред како една единствена точка – итна и безусловна оставка“, изјави Радев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: