Две рачни бомби пронајдени во близина на фудбалско игралиште во битолско
Две рачни бомби биле пронајдени во близина на фудбалско игралиште во битолското село Долно Оризари, за среќа проектилите биле неактивни.
На 16.08.2020 во 12.45 часот во СВР Битола било пријавено дека во близина на фудбалското игралиште во с.Долно Оризари, битолско, при изведување на градежни работи, биле пронајдени три неактивирани рачни бомби, кои потекнуваат од Првата светска војна, информираат од МВР.
Бомбите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.