fbpx

Објектив

Погледни подобро

Нефи „царува“ во Охрид, со пиштол го претепал Топаловски среде полн хотел

Охридската полиција констатирала дека бил употребен пиштол во нападот на Спире Топалоски од страна на Нефи Усеини, неговиот брат и уште две лица, пишува „А1он“.

Неофицијално, ова било потврдено по прегледот на снимките од видео надзорот, кои се одземени од хотелот каде вчера се случи инцидентот.

Полицијата извршила и разговори со очевидци, односно лица кои се затекнале таму во време кога Топалоски бил нападнат. Од МВР најавуваат дека ќе поднесат кривична пријава против Усеини, по што, случајот ќе треба да го процесира Обвинителството.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: