fbpx

Објектив

Погледни подобро

Приведено лице кое и се заканувало на гувернерката Ангеловска Бежовска поради пропаѓањето на Еуростандард Банка

Гувернерката на Народна Банка, Анита Ангеловска Бежоска, добила закани преку Фејсбук од непознато лице и случајот го пријавила во полиција.

Од полицијата информираат дека случајот бил преземен од Единицата за насилен криминал и заканувачот бил фатен, по што против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Според пишувањата на дел од медиумите, заканувачките пораки биле поврзани со пропаѓањето на Еуростандард банка.

„Вчера во 12.00 часот А.А.Б.(49) од Скопје пријавила дека на 16.08.2020, околу 18.50 часот, во електронското сандаче од нејзиниот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ примила порака со заканувачка содржина од „Фејсбук“ профил на лице кое не го познава лично и не е во нејзината група на пријатели. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во полицискиот билтен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: