Виси именувањето на Талат Џафери за собраниски спикер поради внатрепартиски недоразбирања во ДУИ
Ограноците на ДУИ во Сарај и Чаир се револтирани од листата на новите владини функционери. Според информации на ТВ 24 синоќешниот состанок на највисокото партиско тело на ДУИ го бојкотирале и новоизбраните пратеници, Изет Меџити и Арбен Зибери, по барање на нивните членови.
Тие се противат на именувањето на Артан Груби и Бујар Османи без консултација на скопските ограноци на ДУИ. Според наши ифнормции реакции имало и од другите ограноци како тој во Струга и токму заради тоа се одложило и именувањето на министерот за информатичко општество.
Според информации на ТВ 24 сите пратеници се во Собранието и очекуваат расплет, односно продолжување на конститутивната седница, на која треба да се избере претседател на Собранието.