fbpx

Објектив

Погледни подобро

Штедачите од Еуростандард банка ги повикуваат сите засегнати да ги остварат своите права

Дел од штедачите во Еуростандард банка покренаа иницијатива за самоорганизирање со цел, како што велат да ги остварат своите права.

„Ние сме дел од 780-те штедачи на Еуростандард банка кои за обештетување на своите средства ќе мора да се потпрат на правилноста и функционалноста на нашиот систем и стечајните постапки како такви“, се вели во дописот до медиумите.

Засега не е познато кој стои зад иницијативата. Единствено се повикуваат сите засегнати да контактираат преку е-маил адресата 780stedaciesb@gmail.com.

„Со цел најтранспарентно водење на стечајната постапка сметаме дека ние 780 штедачи мора да се организираме и да бидеме претставени пред сите институции, домашни и меѓународни, од еден претставник професионалец во тоа поле“, се посочува до дописот до медиумите.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: