fbpx

Објектив

Погледни подобро

Бочварски министер за транспорт и врски, Штип ќе бира нов градначалник на предвремени избори

Откако градоначалникот на Штип Благој Бочварски ќе ја преземе министерската функција во Министерството за транспорт и врски, Општината ќе добие в. д. градоначалник. Тој ќе биде избран од редовите на советниците во Советот на Општина Штип и ќе ја врши функцијата до одржување на предвремени избори за градоначалник.

„Колку точно може в .д. градоначалникот да ја извршува функцијата пред да се одржат предвремени избори ќе кажат стручните тела во Министерството за локална самоуправа и во Владата. Јасно е дека таа функција не може да трае до наредните редовни локални избори кои се во октомври, што значи во Штип ќе има предвремени избори“, рече Бочварски.

Бочварски на денешната прес-конференција кажа дека неговиот наследник ќе ги продолжи проектите кои ги започнал, а тој како иден министер ќе помага на Општината во реализација на инфраструктурни проекти.

По вчерашниот Централен одбор на СДСМ за поделба на министерските места во новата Влада, Бочварски го доби Министерството за транспрот и врски, со кое досега раководеше Горан Сугарески. Бочварски беше избран за градоначалник на Штип на изборите во 2017 година.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107