fbpx

Објектив

Погледни подобро

Вучиќ: Нема шанси за признавање на Косово под никакви околности

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, не ја исклучи можноста за одложување на состанокот во Вашингтон, за што се шпекулира и од приштинскиот печат, но тој посочи дека, кога и да се одржи состанокот и каде и да е – нема шанси да се потпише признавање на Косово, под никакви околности.

Вучиќ рече дека единствено нешто што го гарантира е дека тој ќе се бори за интересите на Србија на состанокот во Вашингтон и Брисел,  и порачува до тие кои сонуваат дека признанието за Косово ќе биде потпишано, дека нема можност, под никакви околности да направи такво нешто.

Во изјава пред новинарите откако присуствуваше на демонстрација на способностите на единиците на српската армија на аеродромот „полковник-пилот Миленко Павловиќ“ во Батајница, од Вучиќ беше побарано да коментира за пишувањата за одложување на состанокот во Вашингтон и дека истиот може да трае подолго, односно преку ноќ и дали тоа значи дека се планира притисок врз Србија, Вучиќ посочи дека секогаш има притисок.

Тој рече дека сè уште ништо не е договорено и дека гледа дека има иницијативи за многу кратко поместување односно за два дена.

Вучиќ посочи дека чека да види за што станува збор, по што ќе ја информира јавноста и ќе даде одговор.

Тој истакна дека секогаш има притисок врз Србија, но дека не треба да се бега однапред и се надева дека никогаш нема да се договори ништо.

– Се чини дека сме во дефанзивна позиција. Медиумите постојано пишуваат „овој хорор нè чека, тогаш тој хорор“… Ми се чини дека не ја разбираме добро тежината на нашата позиција. Мислам дека нема да биде лесно и ако јас лично чувствувам голем товар во врска со тоа, одговорот е „да“ – заклучи Вучиќ.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107