НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ВЕНЕЦИЈА САМО СО МАСКИ
Филмскиот фестивал во Венеција ќе биде првото филмско случување откако започна пандемијата COVID-19.
Посетителите на Венецијанскиот филмски фестивал кој ќе биде одржан во живо, ќе мораат да носат маски за лице во текот на проекциите и да имаат негативен тест на корона доколку доаѓаат надвор од Европа.
Според протоколите, на фановите и јавноста нема да им биде дозволен пристап на црвениот тепих во текот на фестивалот што ќе се одржи од 2 до 12 септември, а посетителите ќе мора да купат влезници и да резервираат место onlinе. На сите влезови ќе се мери телесната температура, додека сите глумци и ѕвезди ќе имаат организиран превоз за доаѓањето на црвениот тепих со цел да се спречат гужви.
Филмскиот фестивал ќе биде првото филмско случување во живо откако започната пандемијата, како и прво значајно меѓународно случување што Италија го организира откако беше епицентар на COVID-19 во Европа.н