ОПШТИНА ЧАИР ОБЈАВИ ТРЕТ ТЕНДЕР И ДАВА ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА УРИВАЊЕТО НА ДИВОГРАДБАТА КАЈ ТЦ МАВРОВКА
По два пропаднати тендери откако не се јави ниту една фирма, Општина Чаир ќе ги стимулира фирмите преку зголемување на вредноста на договорот. На првите два тендера се уривање на дивоградби во Општината беа предвидени еден милион денари.
Од Општина Чаир велат дека таа сума била предвидена на почетокот на годината кога се усвојувал годишниот план за јавни набавки.
„Согласно извршените консултации и врз основа на Законот за јавните набавки, Општина Чаир пристапува кон зголемување на проценетата вредноста на јавната набавка, како единствен можен механизам поради непредвидените настанати околности за поттикнување на учеството на економските оператори во постапката“, велат од Општина Чаир.
Од Обвинителството досега нема покрената постапка за овој предмет.
Дивоградбата пред „Мавровка“ се гради на местото на кафулето „Фонтана“, кое изгоре во пожар на 1 мај годинава.