(Фото)Огромен арсенал оружје пронајден во струшко
Полицијата вчера по оперативни сознанија пронајде 138 гранати за рачен фрлач на гранати, 41 метални сандаци со муниција со калибар 7,62 и 12,7 мм, 30 испукувачи РПГ, 130 полнења за гранати, 760 парчиња куршуми со калибар 20мм, информира МВР.
Оружјето било пронајдено во нива во близина на патниот правец помеѓу с.Калишта и с.Франгово-Струга.
Известено е Основното јавно обвинителство –Струга и Дирекцијата за заштита и спасување и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.