fbpx

Објектив

Погледни подобро

НАЕЗДА НА КОМАРЦИ – ВО ВТОРНИК ВОНРЕДНО ЌЕ СЕ ПРСКА ИНФОРМИРААТ ОД ГРАД СКОПЈЕ

Град Скопје по бурните реакции на граѓаните за наездата на комарци, во консултација со надлежните здравствени служби донесе одлука за вонредно прскање против комарци.

Прскањето ќе се спроведе во вторник.

Од градот потсетуваат дека оваа година извршиле 4 авионски и 4 терестични дезинсекции на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци и против ларви од комарци. И додаваат дека дезинсекцијата главниот град ја спроведува според сите светски и европски стандарди, а средството кое што се користи е од најдобриот светски препарат, производство на Бајер – Германија, а прскањето и растварањето на средството се врши согласно упатството на производителот и под надзор на комуналните служби на градот

Граѓаните изминатиов период најчесто преку социјалните мрежи апелираа за инвазијата на комарци во Скопје.

Скопјани се жалеа и велеа дека не можат навечер да седнат во двор, ниту на тераса, а паркот кадешто има и вода бил неподнослив наместо релаксирачки поради инвазијата од комарци.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107