20 ИЛЈАДИ ПЕНЗИОНЕРИ ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ ПЕНЗИЈА
Вчера беше рокот на отварање нова сметка во друга банка за пензионерите што земале пензија преку Македонска пошта. 20.000 пензионери не успеале да го сторат тоа и поради тоа нема навремено да ги добијат своите месечни приходи.
Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување велат дека тие ќе имаат можност да го направат тоа, но подоцна.
Инаку, пензионерите не треба да одат во ПИОМ, туку само да ја известат новата банка преку отворена сметка дека сакаат да ја примат пензијата или пак социјалната помош која што им следува.
Моментално се бара нова банка која што ќе опслужува на шалтерите на поштите.