fbpx

Објектив

Погледни подобро

Ахмети пред Хашкото обвинителство на 2 септември

Али Ахмети, лидерот на ДУИ вчера потврди дека бил повикан да сведочи пред обвинителите на Специјалното обвинителство во Косово на 2 и 3 септември.

„Ние не кажуваме детали за било што во врска со нашата истрага. Информацијата која вие ја кажувате, мислам дека доаѓа од самиот г-дин Ахмети. Ние немаме споделено никаква информација за секој што се појавил, во која било фаза или со кого било разговарано“, изјави Телма Кристофер Бенет, портпарол на косовското специјално обвинителство, за Телма.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на 22 јули потврди дека добил покана да се јави во Специјалното обвинителство за воени злосторска на Косово со седиште во Хаг. Ахмети на Фејсбук напиша дека е повикан и оти ќе оди во Хаг да сведочи како еден од основачите на ОВК.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: