fbpx

Објектив

Погледни подобро

Во општина Ѓорче Петров се забранува пружање и сушење алишта во двор и на тераса

Освен тоа, нема да биде дозволено да се засадуваат овошни дрвја чии плодови ја валкаат јавната површина, а гранчињата на украсните и жбунести растенија не смеат да ја преминуваат регулационата линија на јавната површина и да пречат на безбедноста на сообраќајот и движењето на луѓето. Ова се само дел од измените и дополнувањата во новата Одлука за комунален ред и мерките за нејзино спроведување на подрачјето на општината која е донесена на седница на Советот на Општина Ѓорче Петров.

Oпштина Ѓорче Петров ќе им ги менува навиките на своите жители. Имено, во дворовите што се со поглед кон улица или плоштад, повеќе нема да биде дозволено сушење на алишта, а и тревата не смее да биде повисока од 10 сантиметри. Освен тоа, нема да биде дозволено да се засадуваат овошни дрвја чии плодови ја валкаат јавната површина, а гранчињата на украсните и жбунести растенија не смеат да ја преминуваат регулационата линија на јавната површина и да пречат на безбедноста на сообраќајот и движењето на луѓето.

Ова се само дел од измените и дополнувањата во новата Одлука за комунален ред и мерките за нејзино спроведување на подрачјето на општината која е донесена на седница на Советот на Општина Ѓорче Петров.

Освен тоа, во истиот нов член 36а, од одлуката за комунален ред се потенцира дека дворните места на колективни и индивидуални станбени објекти, како и местата, односно површините што се наоѓаат внатре или меѓу станбен или деловен блок или меѓу објекти, мораат да се одржуваат во уредна и чиста состојба. Исто така, во дворните места се забранува оставање, складирање, односно собирање на каква било амбалажа, кабасти предмети од домаќинството, градежен и друг отпад и какви било други предмети што предизвикуваат нагрдување на изгледот и неуредност на просторот.

За непочитување на одредбите од овој член на одлуката, на сопствениците/корисниците на местата, комуналниот инспектор на општината или комуналниот редар ќе им изрече глоба согласно Законот за комуналните дејности.“ Според овој закон, глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице, во мандатна постапка, ако постапува спротивно на одредбите од Одлуката за комунален ред.

Извор: Вечер Прес

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: