fbpx

Објектив

Погледни подобро

Естрадните уметници оставени на цедило, Наум Петревски регираше на игнорантниот однос на Владата

Се уште се тресе естрадното тло по шпекулациите дека финансиската помош за музичарите од страна на државата поради ситуацијата со пандемијата е распоредена нетранспарентно и на луѓе кои немаат потреба од истата.

Имено, на официјалниот Фејсбук профил на здружението ЗЕУМ кое до неодамна беше раководено од музичарот Благоја Грујовски беше објавен статус во кој се вели дека челните луѓе на здружението по втор пат ќе побараат помош од државата, но овој пат исклучиво за музичарите кои се членови на здружението, додека претходното барање крена лавина од коментари во кои музичарите ги изразија незадоволството и стравот дека ќе бидат обврзани со давачки кон државата.

Наум Петрески не додржа до себе и силно „удри“ по своите колеги, а чашата ја прелија оние колеги кои наводно се декларираат како естрадни уметници и ѕвезди, но, според него, не се од негов ранг.

– Носете се у мајчина сите вие таканаречени уметници и ѕвезди, без никаков багаж и тежина со се шарената Ваша влада, – стои во коментарот на музичарот Наум Петрески, објавен на профилот на здружението на естрадни уметници ЗЕУМ.

И претходно Наум Петрески знаел бурно да изреагира и без влакна на јазикот да коментира за други музичари и негови колеги од светот на музиката, но како ова ќе го прифатат истите тие колеги и каков епилог ќе добие самата завршница на сето ова, останува да видиме.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107