fbpx

Објектив

Погледни подобро

Славната двојка Кејти Пери и Орландо Блум добија ќеркичка, името на бебето привлече огромно внимание

Веста се појави на официјалниот профил на Твитер на УНИЦЕФ. „Добредојде во светот на Дејзи Доу Блум“, објави УНИЦЕФ, каде што Пери и Блум се амбасадори.

Славната двојка уште во април најавија дека очекуваат бебенце, а приказната за името на новороденчето ги освои фановите на Кејти и Орландо.

„Исполнети сме со љубов за безбедното и здраво пристигнување на нашата ќерка на светот“, се вели во нивната изјава со соопштението.

Името на девојчето веднаш го привлече вниманието на социјалните медиуми. „Дејзи (маргаритка) песна за храброст и сила, Доув (гулаб) симбол на мирот, надежта, храброста и слободата. Затоа Кети Пери ја сними песната Daisies“, напишале твитерџиите. Имено, оваа година пејачката објави песна по името на новородената ќерка.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: