fbpx

Објектив

Погледни подобро

По триесет години владеење падна Мило Џукановиќ

Тридецениското владеење на Мило Ѓукановиќ во Црна Гора вечерва го доживеа својот дебакл, откако на изборите кои се одржаа во неделата го загуби мнозинството во црногорскиот парламент со резултат од 39 мандати, наспроти 42 мандати на „Опозициски фронт“ кој во себе ги инкорпорираше сите опозициски чинители во земјата.

Владеењето на Ѓукановиќ со Црна Гора завршува со многу контроверзи, онака како и што владееше. Скандалозно и субверзивно.

„Народе на Црна Гора, се случи слобода. Кој чека тој и ќе дочека. По 31 година апсолутна власт мораше да се случи и ова. Причината лежи во фактот дека кој удира по Бога и Свети Василиј Острошки мора така и да помине“ – рече Здравко Кривокапиќ, носител на листата „За иднина на Црна Гора“.

Како што наведува Кривокапиќ, прва цел на новата власт е да се понуди рака на помирување.

„Прва цел е да пружиме рака на помирување која треба да биде основ на нашиот соживот. Го нудиме она што е природно, сите национални партии да се приклучат на победникот, бидејќи не можеме да ја градиме Црна Гора на друг начин“ – заклучува Кривокапиќ.

Тој апелираше и до граѓаните на Црна Гора да не наседнуваат на можните провокации, и оваа победа да се прослави во домовите, не на улиците.

Кривокапиќ најави и експертска влада во Црна Гора со ограничен рок.

„Ние градиме силна држава. Без таа експертска влада нема подобрвуање“ – тврди Кривокапиќ.

Од групата соработници на Мило Ѓукановиќ, во Македонија е останата уште Радмила Шекеринска.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107