Градинките ќе започнат со работа на 9 септември
Градинките ќе се отворат на 9 септември. Владата на денешната седница донесе одлука за повторно отворање на установите за згрижување и воспитание на деца -детските градинки и центрите за ран детски развој за време на пандемија КОВИД-19, кое е планирано да отпочне од 9 септември. До тогаш градинките се должни да се подготват за работа.
Владата им препорачува на сите општини да обезбедат дополнителен простор доколку градинката има потреба за згрижување на деца согласно Протоколот за активности и да обезбедат потребен соодветен кадар за временски период до траењето на епидемијата со КОВИД-19.