fbpx

Објектив

Погледни подобро

Новогодишниот настап на Дино Мерлин на плоштадот во Скопје чинел многу повеќе?

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов преку МКЦ исплатил 160 илјади евра за организација на новогодишната прослава на плоштадот Македониjа.

НетПрес дојде до договорот со кој градот Скопје преку МКЦ се обврзале да исплатат 160 илјади евра за организација и сцена за настапот на Дино Мерлин, кој пееше на последната Нова Година. Медиумите тогаш објавија дека ангажманот на Мерлин во Скопје чини дополнителни 100 илјади евра, хонорар од непознати спонзори. Според ова, минатата новогодишна прослава скопјани ги чинела 260 илјади евра за една вечер. Договорот кој за прв пат се објавува во јавност обзнанува дека МКЦ за организација, сцена и промоција исплаќа 9 милиони и 600 илјади денари.

Наспроти ова на последната седница на советнички прашања градоначалникот Шилегов, во обид да го сокрие договорот од јавноста, изјави дека нема посебен договор за изнајмување на опрема.

Градот Скопје на двете културни институции на градот, и Универзалната сала и МКЦ им обезбедува парични средства за редовните активности кои ги обавуваат. Не постои редовен договор со кој што градот Скопје дал овластување на било која културна институција надвор од тие годишни договори што ги има градот за изнајмување на опрема, а со кој што сме дале некакво си одобрение да биде изнајмена било каква опрема.

Во договорот, пак, стои дека:

…средствата да ги користи согласно однапред определен план, одреден со Анекс на договор број 2 од 17.12.2019 година помеѓУ ЈУ Младински културен центар и Град Скопје, во максимален износ кој нема да го надмине планот и тоа:

      • изнајмување на техничка опрема: 6,500.000,00 денари
      • други организациски-оперативни трошоци: 3,091.500,00 денари

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107