fbpx

Објектив

Погледни подобро

Што ќе донесе рокадата на ресорите помеѓу Бујар Османи и Никола Димитров

Османи во МНР, а Димитров во СЕП. Иако ресорите се заменети, целта е иста евроинтегациии и добрососедски односи.

Новиот министер за надворешни работи Бујар Османи најави дека ќе се забрза процесот за пополнување на испразнетите амбасадорски места особено во Брисел и државите членки на ЕУ.

– Фокусот при пополнувањето на амбасадорските места треба да биде според политичките приоритети на земјата, пред се европската агнеда, отворањето на преговорите со ЕУ и засилување на нашите мисии и амбасади во Брисел и во државите членки, а во зависност од буџетските можности после пандемијата. Ќе се направи проценка, но ќе инсистирам фокусот да биде ставен на приоритетите, изјави Османи.

Новозбраниот вицепремиер за евроинтеграции Димитров очекува дека нема да има блокади за европската иднина на Македонија од страна на Софија

-Во тоа сум убеден бидејќи има голема улога кога беа претседавачи со Европската Унија, со Самитот во Софија токму во отворањето на Европа и враќањето на проширувањето високо на агендата на ЕУ. Во однос на ова прашање ќе имаме комплементарност со Бујар бидејќи од една страна ги тангира меѓусоседските односи, а од друга страна европската иднина на државата, рече Димитров.

Според него, тука заедничкиот став е дека прашањето на самоизјаснување и самоопределување во однос на македонскиот народ и Македонци кои зборуваат македонски јазик не може да биде во спротивност со Европската Унија којашто, како што рече, почива на европските вредности меѓу кои и богатството на различностите и правото на самоопределување.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107