fbpx

Објектив

Погледни подобро

Барселона тргнува по миленикот на Куман, играчот на Ливерпул сака да се пресели во каталонскиот клуб

Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман се очекува да направи голема реконструкција на тимот ова лето.

Холандските медиуми објавија дека најголема желба на Куман е неговиот сонародник и ѕвезда на Ливерпул, Жоржињо Вајналдум. Тој  ги знае квалитетите на овој фудбалер кого го тренираше две години во холандската репрезентација.

Каралонски „Спорт“ пишува дека Барселона е во напредна фаза на преговори со Ливерпул за трансфер на Вијналдум. Холанѓанецот, наводно, веќе се согласил на тригодишен договор со Барселона, а неговиот трансфер можел да чини околу 20 милиони евра.

Вајналдум е обврзан кон „црвените“ до 2021 година, па влегува во последната година од договорот и Ливерпул мора да го продаде.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: