fbpx

Објектив

Погледни подобро

(Видео)Се појави сопственикот на објектот кај Мавровка кој се руши, тој тврди дека објектот е легален

Кoристејќи државни ресурси, првата одлука на Владата на Зоран Заев беше рушењето на наводната дивоградба кај Мавровка, но по се изгледа објектот е целосно легален. Денес кога државата почна со рушење на објектот, изјава даде сопственикот Мевлудин Алити кој со документи од катастер, општина Чаир, разно разни државни инспекторати потврди дека објектот е легален, а според него сите овие притисоци врз него се само со една причина, објектот да биде одземен од негова сопственост. Тој ја потсети јавноста дека минатата година во објектот беше пронајдена граната од ракетен минофрлач, а потоа истиот беше запален, денес објектот му го руши државата и ако по се изгледа е легален.

-Сакам да ве известам дека ништо од тоа што е пренесено од медиумите не е точно. Јас сум сопственик на објектот кој што беше изгорен од пожарот и е легална градба запишана во катастерот. Не се точни информациите дека не сум бил достапен за полицијата, можете слободно да ги прашате дека првиот ден кога дојдоа јас бев тука и им ги дадов документите на инспекторите од финансиски криминал. Во еден од порталите прочитав дека сум го исекол дрвото. Јас не сум го сторил тоа имам видео запис на кој се гледа кој го сече дрвото. Лани најдов проектил од рачен фрлач во објектот, оваа година ми го запалија. Еве 50 дена не знам кој се причините. Истрагите завршија со непознати причини и непознати сторители. Господа ве молам човекот кој што го сака мојот објект нека се јави да му го подарам, да не се мачиме вака, вели тој.

Доколку објектот како што тврди Мевлудин е легален, Заев ќе треба да одговара за бесправно рушење на легален објект бидејќи истиот се урива со негов потпис како претседател на Владата.

Алити и директно го посочи Заев како виновник бидејќи како премиер одлучи да даде помош за рушење на наводни дивоградби во Чаир, кога Охрид и Струга бараа помош за рушење на дивоградбите никој не се јави.

Pas fillimit të rrënimit të objektit, deklarohet pronari Mevludin Aliti

Posted by TV21 on Wednesday, September 2, 2020

Имав одобрение за обнова на објектот, вели сопственикот на објектот пред ТЦ „Мавровка“ Мевљудин Алити, кој денеска се урива.

Според него, во таков случај не било важно со каков материјал ќе се обнови објектот, туку само да не излегува од постоечката површина.

Алити, кој го презентираше проектот за обнова пред новинарите, вели дека немало планирано да се гради втор кат.

-Не градев нов објект, туку го обновував изгорениот објект, кој предходно беше со метална конструкција, дециден е Алити.

Тој обвини дека некој сака да го отстрани од таа локација, која како сопственик ја поседува со децении.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: