fbpx

Објектив

Погледни подобро

(Видео) Протестите во Бугарија за оставка на Борисов се интензивираат, се фрлаат јајца и овошје кон парламентот

Илјадници граѓани веќе 56 дена протестираат пред бугарскиот парламент, барајќи оставки од бугарскиот премиер Бојко Борисов и главниот обвинител на земјата, Иван Гешев.

Демонстрантите фрлаат јајца и јаболка кон полицајците кои го штитат бугарскиот парламент. И жандармеријата беше изнесена на улица.

Полицијата е  присутна на сите булевари што водат кон зградата на бугарскиот парламент, каде се одржува седницата. Бугарските медиуми пишуваат дека ескалацијата започнала кога демонстрантите употребиле сила против полициските возила.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: